сабота, 10. април 2021. Вести денес: 88
home Вести

Јанушев до Љупчо Николовски: Ќе си лежите за се, ама ние не даваме лажни ветувања како вас

Јанушев до Љупчо Николовски: Ќе си лежите за се, ама ние не даваме лажни ветувања како вас

Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека СДСМ не побарала рака за доброто на граѓаните, туку дека тие барале рака за излез од глупостите и криминалот кои ги направија тие.

-Не Николовски, вие не подавате рака за доброто на граѓаните. Вие барате рака за излез од глупостите и криминалот кои ги направивте и правите.

А, го направивте поради тоа што не водевте грижа за граѓаните во пандемија, туку мислевте на вашите џебови, па ги полневте со милиони, додека народот губи работни места, а вие уживавте во народните пари, притоа оставајќи го народот на питачки стап.

Оние кои се декларираа како ВМРО, а беа/се полни со криминални досиеја, ви станаа коалиција, со нив слободно продолжете да си терате. Со нас рака нема, ние со криминалци не преговараме.

А, кога сме веќе кај “рацете”, ќе те потсетам само дека долга е раката на ВМРО! 😉
Ќе си лежите за се, ама ние не даваме лажни ветувања како вас!, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Не Николовски, вие не подавате рака за доброто на граѓаните. Вие барате рака за излез од глупостите и криминалот кои ги…

Posted by Igor Janushev on Недела, 07 март 2021

Коронавирус