сабота, 19. септември 2020. Вести денес: 63
home Вести

Јанушев до Кирацовски: Го сменивте јазикот кој беше признаен уште во 1977 година од страна на ОН

Јанушев до Кирацовски: Го сменивте јазикот кој беше признаен уште во 1977 година од страна на ОН

Јанушев ги разобличи манипулациите дека владата на СДСМ го заштитила јазикот.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, во Топ тема на Телма ги демантираше изјавите на Александар Кирацовски дека е заштитен македонскиот јазик и објасни дека истиот е заштитен многу одамна во ОН.

– Јазикот е признаен уште во 1977 година од страна на ОН која претставува институција со огромен углед и пред која се води спорот за името, со овој договор на македонскиот јазик му се става додавка. Сега истиот тој јазик што некогаш бил признае без додавки и придавки, сега ќе биде дополнет со тоа дека припаѓа на словенската група на јазици. Со ова не е заштитен јазикот, туку е изменето неговото именување во Светот, а потценета е институцијата која го има потврдено и признаено, рече Јанушев.

 

Коронавирус