вторник, 4. август 2020. Вести денес: 86
home Вести

Јанушев до дијаспората: Придружете ни се во борбата и заеднички да донесеме обнова на Македонија

Јанушев до дијаспората: Придружете ни се во борбата и заеднички да донесеме обнова на Македонија

Македонската дијаспора е нераскинлив дел од Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија никогаш не се откажала од вас ниту пак ќе се откаже. Меѓу вас има наши пријатели, другари од детството, братучеди поранешни соработници, ве има буквално од сите краишта на Македонија. Вашата желба за подобар живот ве натерала да заминете далеку од родните огништа. Ние ви ветуваме дека ќе се погрижиме секој да се врати повторно во родното место, вели во своето видео кон дијаспората генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во ИЕ3 Игор Јанушев.

-Ви благодариме за сета љубов и почит кон нашата заедничка татковина. Затоа во име на таа љубов и почит ве повикувам на 15-ти јули да бидете тука, во Македонија и да не поддржите во нашата борба, борба за поубаво утре на сите оние кои одлучија да останат тука и на сите вие кои ќе се вратите. Придружете ни се, застанете рамо до рамо со нас, заеднички да донесеме обнова. Обнова која Македонија ќе ја направи поубаво место, со кое сите ќе се гордеме. Заокружете број 14 за Обнова на Македонија, повика Јанушев.

Коронавирус