понеделник, 9. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Јанушев: Да ја видиме играта што сакаат да ја протнат со консултативниот референдум

Јанушев: Да ја видиме играта што сакаат да ја протнат со консултативниот референдум

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во гостувањето во емисијата „Отворено студио“ на Алфа телевизија вели дека ставот на партијата е кажан во повеќе наврати и доколку се одржи референдум демократско право на граѓаните е да излезат да гласаат. Но, исто така, демократско право на граѓаните, вели тој, е и да не излезат да гласаат, но оти тоа зависи исклучиво од нив.

– Сите ние во политиката треба да го почитуваме тоа. Да ја видиме оваа игра што сакаат да ја протнат со консултативниот референдум. Дали ќе има демократски капацитети народот да ја изрази својата волја. Во еден ист ден  се менуваат ставовите на Заев и да видиме како ова ќе заврши, рече Јанушев.

Во врска со барањата кои ги има ВМРО-ДПМНЕ, генералниот секретар е дециден дека тоа бил договор со СДСМ уште во месец март, но тие не го испочитувале тоа што било договорено.

– Тоа е нешто што се договори уште во период на март месец. Беше договорено ВМРО-ДПМНЕ да ги подржи реформските закони се со цел да овозможиме една европска и НАТО перспектива за да добиеме една позитивна оценка. Нашата обврска си ја завршивме. Власта предводена од Заев не го исполни тоа што го ветија, а тоа е законот за финансирање на политички партии и пржинската влада која ќе биде концепт која ќе се применува за сите идни услови. Тие не го испотчитуваа тоа. Сега имаат можност, да покажат демократски капацитет за кој декларативно зборуваат во јавноста, вели Јанушев .

Во врска со самоволието на СДСМ, Јанушев вели дека тие покажале во многу наврати оти на сила се пробува да се истуркаат некои работи. Според него, во овој момент имаат противници кои немаат компас и кои не знаат каде се движат и оти во контиунитет се распродаваат македонските национални интереси.