среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 1
home Вести

Јанушев: Да бидеш патриот значи да ја сакаш сопствената земја и да работиш за доброто на нејзините граѓани

Јанушев: Да бидеш патриот значи да ја сакаш сопствената земја и да работиш за доброто на нејзините граѓани

Во денешното издание на Утрински брифинг гостуваше генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, г. Игор Јанушев. Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека како министрите предложени од нивна страна, така и целата партија ќе работи во насока на обезбедување фер и демократски избори, односно разгледување на се она што претходно се работело во министерствата под палка на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ носи префикс во името на една од најголемите патриотски односно македонски револуционерни организации и баш поради тоа треба да чувствува голема тежина и одговорност при секој чекор кој ќе се превземе во иднина со цел овозможување подобар стандард и живот на граѓаните на Република Македонија, истакна Јанушев.

“Да бидеш патриот, значи да ја сакаш сопствената земја и сопствениот народ. Без разлика на верска или етничка припадност, сите кои живееме во Република Македонија сме државјани на истата држава и сите заслужуваме добар живот. ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во насока на овозможување на добар животен стандард за сите граѓани”, додаде Јанушев.

Во однос на предвремените парламентарни избори, Јанушев истакна дека ВМРО-ДПМНЕ е спремно повеќе од било кога и дека победата на изборите е повеќе од извесна. Народот ја препознава вистинската страна, ја препознава добрата и искрена намера на ВМРО-ДПМНЕ и сигурно ќе ја поддржи опцијата која ќе овозможи подобар живот за сите, заврши Јанушев.

Коронавирус