среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 28
home Вести

Јанушев: Целиот процес околу референдумот е незаконски и неуставен

Јанушев: Целиот процес околу референдумот е незаконски и неуставен

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев во своето вечерашното гостување во емисијата ,,Програма 200’’ на Алсат М телевизија истакна дека целиот процес околу референдумот е незаконски и неуставен.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ забележа дека според законот и Уставот, референдумот за Договорот од Преспа требало да биде распишан пред да биде потпишан договорот.

Јанушев го цитираше членот 23 од Законот за референдум според кој ,, Референдум на државно ниво може да се распише и за потреба од ратификација на меѓународни договори и за други прашања од надлежност на Собранието (претходен референдум )’’, но тој мора да биде распишан пред да биде потпишан договорот додаде тој. Дополнително тој потенцира дека поради фактот што Европската Унија е дел од референдумското прашање, референдумот мора да биде задолжителен и на него позитивно да се изрази мнозинството на граѓаните, бидејќи станува збор сојуз на држави.

Јанушев се повика на членот 29 од Законот за референдумот кој гласи: ,,Одлуката за менување на границата на Република Македонија и одлуката за стапување или истапување од сојуз или заедница со други држави се усвоени на референдум ако на референдумот за нив гласало мнозинството од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.’’

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ вели дека членот 30 од Законот за референдум концизно и прецизно кажува што се подразбира под неуспешен референдум и покрај како што вели обидите на власта Законот да се толкува поинаку, правејќи компарација со референдумот од 2004 година кој беше прогласен за неуспешен бидејќи на него не гласаше потребното мнозинство.

Коронавирус