недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 84
home Вести

Јанушев: Аерозагадувањето достигнува историски највисоки бројки

Јанушев: Аерозагадувањето достигнува историски највисоки бројки

Аерозагадувањето достигнува историски највисоки бројки, и тоа во период кога грејната сезона не е почната, ама Заев и Макрадули не се согласувале дека немало стратегија и се повикуваат на Европската комисија која потврдила дека за прв пат годинава, во 2019 година во Буџетот е воведен Фонд за справување со аерозагадувањето по примерот на низа европски земји, пишува генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев.

-Додаваат дека продолжувале со целиот сет на мерки што бил јавно објавен и верувале дека резултатите секоја година ќе биле се повеќе и повеќе видливи. Отпочнале многу сериозни проекти за инвестирање во замена на системите за греење и ќе продолжеле во тој правец. Следувале директни вложувања во јавниот превоз и директни контроли на индустријата.

Во реалноста, “сериозната понуда” на Заев се субвенции за по околу 30 клими во просек по град! А, да, и планирале да купат неколку автобуси на гас!

Има некој нормален што може да верува дека со овие “сериозни мерки” резултатите ќе бидат видливи??? Во следниот период очекувам да го обвинат ВМРО-ДПМНЕ дека ги потпалува пожарите и фрла ѓубре, стои во неговата објава.

Коронавирус