петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 84
home Вести

Јанкуловски: Власта врши упад во автономијата на Универзитетот

Јанкуловски: Власта врши упад во автономијата на Универзитетот

Откако Универзитетската изборна комисија по консултација со Правната служба ја замрзна постапката за избор на нов ректор на Универзитетот Кирил и Методиј, согласно новата Уредба на владата за продолжување на мандатите на тела и органи, во вонредна состојба, ректорот на УКИМ професор д-р Никола Јанкуловски во гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма вели дека со ваквата измена на Уредбата на 5 јуни, власта врши директен упад во автономијата на Универзитетот.

Вели дека во државата немаме генерален акт кој што го спречува овие избори во време на вонредна состојба така што ова дополнување на уредбата буквално доведе до тоа да се замрзнат овие избори.

-Но, во денешно време еве гледаме дека работат трговските центри, кафаните, пазарите, дозволи се изборите за сенатори, претседател на Сенат, значи не гледам причина зошто требаше да се замрзне само изборот на раководното лице ректор, вели Јанкуловски.

-Не би сакал да размислувам во таа смисла, но секако со дејствие што беше преземено од страна на Владата на 5-ти јуни што се направи промената на уредбата секако дека претставува упад во автономијата на Универзитетот и мислам дека треба да се преземат некои чекори кои што на некој начин ќе го избалансираат овој момент, посочи Јанкуловски.

Уставот на Република Македонија ја гарантира автономијата на Универзитетот. Но, симптоматично е ваквото однесување од страна на власта бидејќи отвора сериозен сомнеж дека целта на ова е да се постави целосна контрола над Универзитетот и над општеството што може само дополнително да нанесе штета на високото образование.

Најнови вести

Коронавирус