вторник, 3. август 2021. Вести денес: 166
home Вести

Јанкуловски: Со програмата „За обнова на Македонија“ ќе се понуди поквалитетен и подобар живот за граѓаните бидејќи тоа го заслужуваат

Јанкуловски: Со програмата „За обнова на Македонија“ ќе се понуди поквалитетен и подобар живот за граѓаните бидејќи тоа го заслужуваат

Живко Јанкуловски, лидер на партијата ПОДЕМ утринава имаше интервју за „Утрински Брифинг“ каде што посочи дека тој е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ бидејќи пред се е поради програмските определби, дури и напомена дека со новата програма „За обнова на Македонија“ нуди доста подобар и поквалитетен живот во Република Македонија.

-ПОДЕМ е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ повеќе години. Што предизвикува да сме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ? Значи пред се програмските определби. Ние од самото постоење перманентно значи ја обновуваме нашата програма и мислам дека имаме една од поквалитетните програми иако сме помала политичка партија на политичката сцена која настапува во Република Македонија. Сепак имаме забележителни проекти и во претходните периоди меѓутоа и во текот на оваа изборна програма, каде што настапуваме со наши проекти кои се дел од Програмата „За обнова на Македонија, појасни Јанкуловски.

Јанкуловски додаде дека едни од клучните проекти во програмата е тоа што се посветува доста внимание на образованието и земјоделието. Од друга страна има доста добри проекти од областа на социјалата, здравството меѓутоа и се посветува на борбата кон корупцијата која во последно време зема замав. Тука мора да се напомене дека во програмата има и проекти како судскиот систем да се врати на нормалата и да има фер судење.

– Со програмата „За обнова на Македонија“ ќе се понуди поквалитетен и подобар живот за граѓаните во нашата држава бидејќи тоа го заслужуваат, нагласи Јанкуловски.

Коронавирус