сабота, 19. октомври 2019. Вести денес: 79
home Вести

Јанкуловски: Нема ништо да остане од Република Македонија ако го прифатиме овој договор

Јанкуловски: Нема ништо да остане од Република Македонија ако го прифатиме овој договор

Во вечерашното гостување во Отвореното студио на Алфа претседателот на ПОДЕМ, Живко Јанкуловски вели дека манипулации во врска со референдумот не треба да се прават.

Според него, сите оние кои што велат дека има луѓе кои се против ЕУ и НАТО доволно е да се види процентот на анкетите кои што покажуваат 80 % од граѓаните сакаат да бидеме членки на тие две организации.

– Ова што сега нас ни се нуди, имаме 3 прашања во едно и кој е тој што би излегол и би гласал за или против. Ова е катастрофално штетен договор. Нема ништо да остане од Република Македонија ако го прифатиме овој договор. Ако случајно помине овој референдум цела влада требад а си даде оставка. Зошто тие ја дале заклетвата пред Република Македонија, а не пред Северна Македонија. Се знае кој е цензусот. Ако референдумот не е успешен и мнозинството одлучи дека не треба овој договор да помине треба владата да си даде оставка зошто ќе биде нелигитмна, рече Јанкуловски.

Toj додаде дека ние како држава си имаме закони си имаме Устав и тие мора да се почитуваат.

Јанкуловски вели дека не можеме да си играме како со изборот на претседател на Собрание. Тој додава дека не може да се кажуват лаги и манупулации како што е бесплатно здравство. Јанкуловски додава дека се прават многу заплашувања од типот „некој ќе дојде од надвор, па внатре ќе биде лоша ситуацијата“ и притоа додава дека ние како држава едвај сме чекале да го потпишеме договорот за да се спасиме.