недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 106
home Вести

Јанкуловски: Демократската фасада не и личи на власта, имаат празна и патетична реторика во однос на надворешните прашања за Македонија

Јанкуловски: Демократската фасада не и личи на власта, имаат празна и патетична реторика во однос на надворешните прашања за Македонија

„Се изгледа празна реторика, посебно сега кога го слушам, а го нарекувам фејсбук министер овој поранешниот за надворешни работи, а сегашен вицепремиер за евроинтеграции. Тој со неговите статуси делува доста патетично, знаете сега тој пишува борбата е во самата унија, сите ќе бидеме победници. Мислам дека целата реторика ми е празна, патетична после се што се случува“, истакна проф. д-р Звонимир Јанкуловски, поранешен амбасадор во емисијата „Што не е јасно“.

Јанкуловски додаде дека демократската фасада не и личи на власта.

„Демократската фасада не им личи морам да признам на некои поединци од власта и генерално на целата власт“, нагласи Јанкуловски.
Јанкуловски посочи дека власта нема цврсти и јасни интереси во поглед на националните интереси.

„Власта покажува мутиран социјалдемократски правец на дејствување, меѓутоа мора да прифатиме дека се работи за, човек кој што го вклучува патриотизмот по потреба, очигледно жицата му е чепната со ова што се случуваше. И сега навидум ни го брани идентитетот“, рече Јанкуловски.

Јанкуловски рече дека власта симулира вакцинација без вакцини, симулира европски пат без Европа, симулира датум без датум. Со оваа власт симулираме држава која што очигледно го губи она што значи идентитет.

ЕУРО 2020

Македонија