среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 109
home Вести

Јанкулоска се соочи со Заев во судница, Мијалков немаше прашања

Јанкулоска се соочи со Заев во судница, Мијалков немаше прашања

Само екс министерката Гордана Јанкулоска, како обвинета во „Таргет и Тврдина“ денеска во судница се соочи со премиерот Зоран Заев, кој беше повикан во својство на сведок за случајот со масовното нелегално прислушување. Таа по сведочењето на Заев имаше само едно вкрстено прашање за премиерот, додека останатите обвинети, меѓу кои и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, не поставуваа прашања.

Јанкулоска го праша Заев дали е точно дека имало дисконтинуитет во доставувањето на „бомбите“ во партијата СДСМ, на што Заев одговори потврдно, односно истакна има денови за кои не добиле ниту еден прислушуван разговор.

-Постоеја денови кога немаше материјали од нелегалното прислушување. Така на пример, имаше за датумите од 1 до 18 а недостасуваа за периодот од 18 до 24. Затоа не ги објавивме бомбите за „А1“ телевизија, зошто имаше празнина. Во секој случај не било возможно 100% да се земат материјалите и да се донесат во СДСМ, и одговори Заев на Јанкулоска.

Адвокатот на Мијалков,  Љубомир Шврговски најпрвин од судот побара време за да се подготват за вкрстени прашања, односно најпрвин да го добијат записникот од сведочењето на Заев, но и на сведокот Зоран Верушевски, но откако судијката му рече дека тоа мора да го сторат на денешното рочиште, одбраната се откажа.

 

Најнови вести

Коронавирус