вторник, 20. август 2019. Вести денес: 114
home Вести

Јани Бојаџи назначен за нов директор на телевизија АЛФА

Јани Бојаџи назначен за нов директор на телевизија АЛФА

Телевизија Алфа преку соопштение ја извести јавноста за новиот директор на телевизијата.

-Ве известуваме дека АЛФА СКОП. ДОО Скопје како сопственик и носител на лиценцата на АЛФА ТВ ДООЕЛ Скопје, анализирајќи ја досегашната работа на телевизијата во сите нејзини аспекти одлучи да работи на понатамошно подобрување на содржината и влијанието во јавноста на истата. Изминатиот период беше успешен и сме задоволни од досегашната работа, сепак гледаме голем простор во македонскиот етер каде дополнително може да се развиваме и истиот да го освојуваме.

Би сакале да ја информираме јавноста дека на Васков Ефтов му истече едногодишниот менаџерски договор. Би сакале да му се заблагодариме за досегашната соработка како и напорите кои ги вложи за успешно водење на телевизија.

Сметаме дека со неговата работа постигна многу успеси кои во иднина треба да се надградуваат. Тој беше целосно вложен и ангажиран за стабилизација пред се, но и развој на телевизијата во изминатата година.

Со својот ангажман придонесе многу.

Му посакуваме успех во понатамошниот професионален живот и остануваме отворени за соработка во иднина.

Исто така, менаџментот на АЛФА СКОП донесе одлука за нов управител да биде именуван Јани Бојаџи, познат македонски режисер и продуцент, за кој се надеваме дека со својот квалитет и професионално искуство ќе постигне големи успеси и натамошен развој на телевизијата, стои во нивното соопштение.