четврток, 28. септември 2023. Вести денес: 128
home Вести

Јаневски: И да добиеме датум не значи дека во сабота ќе добиеме објективно судство, за жал имаме премиер што во ЕУ чита состав за ѕвездички

Јаневски: И да добиеме датум не значи дека во сабота ќе добиеме објективно судство, за жал имаме премиер што во ЕУ чита состав за ѕвездички

Во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа вчера гостуваше новинарот Дарко Јаневски, кој истакна дека Република Македонија со оваа власт тешко дека ќе добие датум за преговори со ЕУ, но и да добиеме нема другиот ден веднаш да добиеме објективно судство, како и подобра економија.

-Зависи што се подразбира под Македонија, ако подразбирате дека вие сте тој кој потпишал продажба на државата, на два милиони луѓе и на се што може тогаш е нормално да очекувате датум или било што ќе побарате, со цел да се покриете. Меѓутоа ако сте од другиот дел тогаш пореално ја гледате ситуацијата и јасно ви е дека едно е дали Македонија ќе добие датум за тоа што се продаде, а сосема друго е ситуацијата во Македонија правосудство, или било која област или поглавја каде што стоиме прилично катастрофално. Буквално не исполнуваме ниту еден критериум, појасни Јаневски.

Јаневски додаде она што е спорно околу цела оваа наводна драма околу датумот е дека ние од една ситуација кога имавме чист референдум и кога луѓето одбија да го прифатат договорот како услов за влез во ЕУ, без оглед на тоа што на крај сите тие околу милион и двесте илјади што не излегоа на изборите испаднаа руси, кинези, ботови итн.

-Од една таква ситуација ние како држава дојдовме во ситуација да разговараме ако сме добиле датум дали е добро или лошо. И да добиеме и да не добиеме датум, пак ситуацијата ќе е лоша. Ако добиеме датум, што значи тоа дека во сабота ќе добиеме објективно судство. Вие имате премиер кој што раководи со телото за правосудство, а кој што денеска таму чита состав од градинка за ѕвездички. Што очекувате? Напредок, што? Со земени кредити за да се покаже некаков економски наводен напредок итн. , истакна Јаневски.

Јаневски посочи дека треба да ни биде јасно со вакво ниво на кое што сега се наоѓа Македонија, не само власта, вкупното општество и ова ниво на кое што сме сега, не десет, нас 50 години нема да ни бидат доволни за да станеме членка на ЕУ, бидејќи сме во дебел минус.

Најнови вести