петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 122
home Вести

ЈАНЕВСКИ: Ако треба ќе умреме, ама „Слушај го Филипче“ не го даваме!

ЈАНЕВСКИ: Ако треба ќе умреме, ама „Слушај го Филипче“ не го даваме!

Во овие 30-тина години, бандата на СДСМ има два столба на делување: едниот е крадење, другиот е пропагандата и пропагандите фабрики со помош на своите регрути. Совршен концеп на создавање на држава на олигарси, на криминалци-политичари и на пропагадни војници, сите впрегнати во демонтирањето на оваа држава, од времето на економскиот пустош на папата Бранко, Рамковниот на Али Ахмети и неговото внесување во владата како политичар од западен ков (борец за слободи и права), а не терорист, па се до денешниот проект за Северна под мотото: „Името нема да ви ги храни децата“, анализира Дарко Јаневски.

-Тоа се тие регрути за кои на времето зборуваше Томислав Чокревски, а кои денес, легнати на странска цицка, а богами и на иновативна и Заева цицка, се бунат што и други закачиле од некоја таква цицка. Тоа се тие кои досега заради короната ќе лежеа по улици и ќе си вадеа делови од желудникот и џигерот фрлајќи ги тие делови по улица, ако министер беше оној мочлето што со „тико“ влезе во влада и кого го викаа „министер смрт“, а сега новопечен колумнисг, ама затоа како залиени молчат оти „Слушај го Филипче“ има по две–три прес конференции на ден, додека бројот на заразени рапидно расте, а ВМРО конечно дозна дека нема тестови, па затоа и нема работа освен да држи пресови. Тоа се тие за кои секоја критика била во ред, ама ако е добронамерна. А кој оценува што е добронамерна? Па самите тие, разбира се. Зашто се може да се дозволи, ама не и нешто да излезе надвор од Социјалистичкиот сојуз на работниот народ, пишува тој.

Понатаму, во својата колумна објавена на ДЕНЕШЕН, Јаневски пишува:

„Така деновиве разбравме и дека оној од ВМРО, Николоски, бил кабает оти рекол дека аеродромите во „Северна“ (сите два) требало да бидат затворени уште пред еден месец, ама ете, шејтанот, со неговиот Мицко, од истиот тој аеродром, кога според него требало да затворен, летнал за Будимпешта кај Орбан. Што е лицемерно, оти тој ментален склоп вели дека ако носиш заштитна маска, не смееш да кажеш дека во државава нема заштитни маски. Пу, пу, далеку било, уште помалку дека тие како Филипче, требало навреме да ги набават. Тоа е истиот ментален склоп според кој очигледно, не смееш да кажеш дека „Слушај го Филипче“ ја утнал работата, и тоа дебело, ако не си заразен од вирусот. Прашање е дали смееш и тогаш, доколку не си на Инфективна, зошто лицемерно е да се буниш против Филипче и вирусот ако не се завршил на Инфективна со сите шанси оттаму да излезеш со половина, наместо со цели бели дробови. Се разбира, замката е во тоа што кога веќе ќе се најдеш таму, исто така не смееш да гукнеш против „Слушај го Филпче“ зашто веќе си болен, а со самото тоа не си објективен. А ако не си објетивен, по дефиниција не си добронамерен. Мислам, дебело сум во право, зашто лицемерно е болен да го критикува Филипче зашто е болен од вирус. Оти што што мајка му барал да фаќа вируси? И после, Филипче бил виновен. Што е лажна вест. Зашто Филипче не е вирус. Се гледа, нели“?

-Проблемот е само што, тоа што на времето беше „Фабрика“ на СДСМ или бракот за кој зборуваше Чокревски, веќе не се однесува на конкретни загари кои СДСМ и странците ги згрижиле, туку во меѓувреме прераснало во ментален склоп на добар дел од популацијата во „дис бјутифул кантри“ на „Блескаме“. Па на тој ментален склоп му пречи кога Љупчовци и Груевци краделе, ама не му пречи кога на Бранковци и Заевци им умираат магарињата зашто не можат да го издржат товарот на бисагите. Се буниш кога Зоран Тодоровски објавува писма на Мисирков „македонски Бугарин“, ама во ред е кога „твојот“ Муртинец и Стево Љубави му се поклонуваат на Бојко предавајќи му го народот како бугарски, а нивниот севишен креатор – „папата“ – мирно си пие виски и навива. Вице Заев е супер зашто е брат на Зоран Заев, ама ако беше братучед на Грујо – е тогаш ќе му е*бевме матер. Додека пак не станеше брат и ортак на Зоран. И згора на тоа, велиш дека тие другите се лицемерни, еј лицемерни, зашто види богати, рекле дека „Слушај го Филипче“ не презел навреме мерки. Така што, не дај Боже, ако почне работата да се влошува (како да досега не е доволно лошо), ќе почнат да го критикуваат вирусот што е толку лош, зашто види, ако веќе се појавуваше, тоа требаше да го направи во времето на Грујо, а не сега, кога исушената рака и негована Прада не внесоа во НАТО и ЕУ, а ние една пуста журка со певаљки и жта на 50-ка во ГТЦ не направивме, пишува тој.

Јаневски, заклучува:

Се разбира, голем проблем е што сега Сорос не може да ја извади војската на улица, зашто короната нема своја Илинденска. Ама затоа, тука се замениците во штабот за борба против лицемерите, кои се готови почнат да пукаат против секој што не е „Слушај го Филипче“. Оти да кажеш дека нашиот здравствен Гоце Делчев и Кузман Јосифовски-Питу, две во едно во исто време, не довел сите два милиони во опасност, тоа е веќе грев. Попрво ќе умреме, оти порано или подоцна тоа сите ќе не снајде, отколку сега да ситничариме.

Коронавирус