среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 176
home Вести

Јаневска: Во Владата не мислат како да се справат со корона кризата и не знаат

Јаневска: Во Владата не мислат како да се справат со корона кризата и не знаат

Поминаа вонредни состојби, предкампања, кампања и избори. Мерките, и онака недоволни, превземени од Владата на СДСМ за борба против епидемијата со корона вирусот олабавија со цел спасување на економската криза, но всушност во функција на изборите. Сега кога изборите поминаа корона вирусот беснее, луѓе страдаат, докторите и сестрите гинат на работа, а мерки нема, Комисијата за инфективни болести ја нема, нема промени во борбата против епидемијата, ова денеска преку прес-конференција го истакна Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Изборите произведоа нови кластери. Партиски функционери кои се декларираа за страсни чувачи и пазачи на мерките, во моментов, а и во минатиот  период не ги почитуваа истите. Наместо дел од решението, станаа дел од проблемот. Бројот на заразени од корона вирусот се движи кон 10 илјади, а бројката на починати кон 500. КОВИД-19 кризата само ја потврди неспособноста на Владата на СДСМ да менаџира со текот на епидемијата и здравствениот систем. Здравствениот систем се движи кон работ на пропаста. Наместо решенија и  здравствени политики остана на популизам и политикантство, што не е дозволиво и во некои други, а не  во овие тешки времиња. Македонија стана црна точка во регионот и пошироко. Не знаат дали ова е пик на првиот бран или е вториот бран, не ги знаат кластерите, не ги знаат изворите, не знаат што да превземат и како да настапат, вели Јаневска.

Таа додава дека не мислат како да се справат со кризата и навистина не знаат. Ќе беше добро да послушаа нешто од предлозите на експертите и да променеа нешто во цел спасување на животи.

-Ако не знаат им препорачуваме и ним и на граѓаните на Република Македонија, има кој знае, вели Јаневска.

Коронавирус