петок, 11. јуни 2021. Вести денес: 138
home Вести

Јаневска: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поправа тешките грешки на Царовска кога ќе дојде на власт, концепцијата ќе биде променета, а пари нема да се трошат за мебел туку за потребите на наставниците и учениците

Јаневска: ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поправа тешките грешки на Царовска кога ќе дојде на власт, концепцијата ќе биде променета, а пари нема да се трошат за мебел туку за потребите на наставниците и учениците

„Јас ги охрабрувам сите кои што не се согласуваат со оваа реформа и овие нови закони треба да го кренат својот глас, и наставниците не само родителите, за тоа што и тие се дел од реформата која многу тешко ќе ја минуваат“,истакна Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука при ВМРО-ДПМНЕ на гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Јаневска додаде дека за штетните реформи и закони на Царовска реагираат и од многу други политички партии, дури и одредени луѓе од СДСМ реагираат, тоа е доволен показател дека образовниот систем нема да цвета со Царовска. Жално е што Царовска парите од кредитот од Светска банка не го троши за потреба на учениците и наставниците туку само за мебел во министерството.

„Јас вчера случајно ја отворам веб страната на МОН и гледам дека првата набавка од кредитот е набавка на шкафови за регистри во министерството за образование и мебел за кој немаше транспарентно што ќе се набавува и дали за училишта или за министерството ќе се набавува. Туку вели дека тендерската документација треба да се подигне во архивата на министерството. Ако денот по утрото се познава ќе биде лошо“, појасни Јаневска.

Јаневска во текот на емисијата нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да ги дозволи овие штети реформи на Царовска да се реализираат.

„Жал ми е што луѓето во партијата се приморани да поправаат тешки грешки на власта. Се разбира дека сето ова се ќе биде преработено, она што е обврска во однос на кредитот си е обврска во однос на кредитот. Ќе се потрудиме доколку дојдеме побргу на власт да исполниме тоа што е договор со Светска банка, но едукациите на наставниците ќе бидат различно организирани, средствата ќе бидат корисно искористени не за мебел туку за тоа што им е потребно на учениците и на наставниците. И апсолутно целата концепција ќе биде променета“, истакна Јаневска.

ЕУРО 2020

Македонија