четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Јаневска: ВМРО-ДПМНЕ им излегува во пресрет на матурантите- има пандемија со корона која кај нас лошо се менаџира

Јаневска: ВМРО-ДПМНЕ им излегува во пресрет на матурантите- има пандемија со корона која кај нас лошо се менаџира

Професор Весна Јаневска, претседателка на Комсијата за образование на на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисијата Топ тема на телевизија Телма рече дека партијата ги поддржува барањата на средношколците матуранти.

-Ги поддржуваме нивните барања и не само тоа, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ се сретнаа со претставници на средношколците матуранти и поднесоа предлог за измена на Законот за средно образование, рече Јаневска.

Според професорката има пандемија со корона и учениците се соочија со онлајн настава и немање доволно услови за истата.

-Можно е и треба да им се излезе во пресрет на средношколците матуранти. Тие во овој период на пандемија се соочија со низа на проблеми како онлајн настава која е неприродна, во овој контекст е недостаток на технологија, нестабилен интернет, учебната година почна сп задоцнување, но не беа скратени програмите како што беше најавено. Имаше кратење кај мајчин јазик, а поостанатите предмети беше оставено на наставниците да направат адаптирање. Значи тоа што им беше ветено на учениците не го добија, рече Јаневска.

И во делот на скратени испитни програми, рече Јаневска, тоа не е реално затоа што кратење и овде има само кај мајчин јазик.

Оттука, ние ги поддржуваме нивните барања и нема да има штета ако во вакви услови испитната програма се промени.

Професорката посочи дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е промен на еден член на Законот или да полагаат два испити, мајчин јазик и изборен според тоа каде го продолжуваат образованието и тоа да биде во вакви вонредни состојби кризи, пандемии.

-Ова треба да биде годинава и да трае годинава и евентуално следната. А поради ситуацијата со корона кризата како тоа дека се уште нема вакцини тоа би продлжило и следната година. Ние сме сведоци на лошо менаџирање и на здравствената криза, рече Јаневска.

ЕУРО 2020

Македонија