сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Јаневска: Образовната концепција треба веднаш да се повлече, бројни и силни се критиките од експертската јавност

Јаневска: Образовната концепција треба веднаш да се повлече, бројни и  силни се критиките од експертската јавност

Професорката Весна Јаневска која е претседател на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, во врска со новата концепција за реформи во образованието, вечерва во Дневникот на Сител телевизија истакна дека оваа концепција треба да се повлече, како и дека бројни се критиките од страна на експертската јавност.

-Оваа концепција треба да се повлече, да се отвори една вистинска јавна дискусија, со стручни луѓе, со експерти, да се почне од базата, а не од врвот кон базата, за да може тогаш навистина да се преземе реформа во образованието, за која и лично и партијата се согласуваме дека е потребно, истакна Јаневска.

Јаневска истакна дека силни критики за концепцијата има од страна на Филозофскиот факултет, Институтот за географија, Здружението на историчари и географи, Здружението на информатичари, Сенатот на УКИМ, МАНУ и бројни други експерти поединечно, што значи дека треба сериозно да се размисли дали треба да се „турка на мускули“ оваа концепција.

-Образованието е такво, какво што ни е општеството, доколку имаме висок степен на корупција во општеството, имаме неправедност и неказнивост,висок степен на криминал, во општество во кое се губат моралните норми, во општество во кое етиката сериозно е загрозена, не можеме да очекуваме образованието да ни е поразлично од тоа, критикуваше Јаневска.

Јаневска посочи дека треба да се повлече оваа концепција, која е документ од четириесетина страници, а на дваесетина од тие се образложува потребата поткрепена со европски документи и нови национални стандарди, кои не се најнови, и на дваесетина страни има концепција каде се спојуваат значајни предмети, во предмети на општествени науки.

-Во време кога имаме негирање на историјата, јазикот и идентитетот од страна на соседите, ваквото спојување на предмети, односно ваквата концепција на интегрирање на предмети, отвара сериозен сомнеж дека истата е диригирана од некои други центри, а не е неопходна потреба, вели Јаневска.

Таа објасни дека не е заради интегрирањето предмети, туку треба да се увиди и да се направи анализа зошто нашите ученици заостануваат, како и сериозна поддршка на наставничкиот кадар и усогласување по европскиот стандарди, како и да се врати дигнитетот на наставничкиот кадар.

-За да стане училиштето посакувана средина и за учениците и за наставниците, треба да има начин како тоа точно ќе се направи прво физички со опремени училници и услови за учење, тука не станува збор за пилот програма, туку чим веќе се имплементира во прво и во четврто за што не добивме образложение зошто баш таму, истакна Јаневска.

ЕУРО 2020

Македонија