среда, 16. јуни 2021. Вести денес: 130
home Вести

Јаневска: Ние сме земја каде се лицитира со проценти, овој хибриден попис нема да биде соодветен на реалноста

Јаневска: Ние сме земја каде се лицитира со проценти, овој хибриден попис  нема да биде соодветен на реалноста

Професорката Весна Јаневска, Претседателка на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Дневникот на Сител телевизија посочи дека овој хибриден попис нема да биде соодветен на реалноста, затоа што Македонија е земја каде се лицитира со проценти, па по тоа неговата политичка конотација е неизбежна.

-Пописот треба да биде соодветен на реалноста, ако имаме можност да споредуваме податоци од различни дата бази за кое што се залагам, тогаш немаме потреба да правиме физички попис, овој хибрид кој не ми е јасно зошто се случува навистина буди сомнеж, вели Јаневска.

Јаневска им посочи на граѓаните дека секој треба да се праша дали во една земја како Македонија со Рамковен договор, не постои попис во политичка конотација, земја која има уставни измени, земја во која има Министерство за политички систем и каде се лицитира со проценти, нема ли елементи од некаква политика во тој попис – праша Јаневска.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија