понеделник, 21. јуни 2021. Вести денес: 142
home Вести

Јаневска: Научници и професори потврдија дека реформите на Царовска се несериозни и недозволиви

Јаневска: Научници и професори потврдија дека реформите на Царовска се несериозни и недозволиви

На вчерашната јавна расправа за Концепцијата за реформи во основното образование, со свое мислење се обратија афирмирани професори и научници од високообразовните научни институции и факултети од државните универзитети во Македонија, од различни науки и дисциплини, експерти и звучни имиња од македонската интелектуална елита. Расправата започна со презентација на делумно изменета концепција, своевиден вид на манипулација, која требаше да ги обесхрабри говорниците, но тоа не се случи, изјави на денешната прес конференција Весна Јаневска од ВМРО-ДПМНЕ.

– На расправата преовладаа мислењата дека предложената концепција за основно образование е избрзана, несериозна, неаналитична и нереална, односно неспроведлива. Иако сите се согласија дека реформа во образованието е потребна, оваа вака конципирана реформа не ја одобрија. Во нивните излагања беа потенцирани бројни недостатоци, недоследности и системски пропусти што јасно укажува на фактот дека предложената Концепција ни одблизу не ги третира и решава вистинските проблеми во основното образование и не ги обезбедува стандардите потребни за квалитетно образование во Македонија, рече таа.

– Апелите на повеќето универзитетски професори беа предложената концепција да се повлече и да се креира нова на соодветен и транспарентен начин со учество на сите релевантни институции од образовниот систем во Македонија, а не само претставници од невладиниот сектор и избрани политички подобни поединци. Се инсистираше на зачувување на посебните предмети, особено предметот историја., за што беа понудени со факти и компаративни анализи поткрепени образложенија. И во новата варијанта на концепцијата, прикажана ненајавено вчера, историјата останува интегриран предмет со граѓанско општество што според мислењата на експертите е недозволиво. Професорите побараа зголемување на бројот на часови по музичко и ликовно образование за исполнување на критериумот учење низ игра и уметности. Потенцирана беше потребата од модерни учебници и други материјали за поддршка на учениците, но и наставниците, за кои концепцијата вели дека се непотребни освен за одредена група предмети, посочи Јаневска.

– Поради сето ова, апелирам Мила Царовска да ги слушне мислењата на експертите, да ја повлече концепцијата и пристапи кон креирање на нова, според посочените аргументи на говорниците, затоа што неуспехот на оваа реформа би афектирал околу 170 000 наши деца. Прашањето на нивното образование, а со тоа и нивната иднина, никогаш не смее да биде прашање на политика, додаде таа.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија