среда, 2. декември 2020. Вести денес: 69
home Вести

Јаневска: Доколку се прави проекција за отворање на училиштата, власта ќе мора да ги пресмета и ризиците

Јаневска: Доколку се прави проекција за отворање на училиштата, власта ќе мора да ги пресмета и ризиците

-Во битката со короната власта го жртвуваше образованието. Фали лидерство. Ние имаме капацитет но, фали добра организација и добра стратегија. Доколку правиме некоја проекција за отворање на училиштата, власта ќе мора и ризиците да ги пресмета. Ако сакаме децата да се вратат во училиштата тие треба да се тестираат. На влезот на училиштата на сите да им се мери температура, значи дека треба да се ангажира трим. Што ако во текот на наставата некое дете качи температура. Кујната како ќе ја користат, од каде ќе купуваат доручек, од дома ли ќе носат храна и така натаму. Како ќе функционира превозот, односно автобусите. Значи фалат многу, многу елементи за да се отпочне наставата, изјави универзитетски професор д-р. Весна Јаневска во вечерашната емисија “Што не е јасно” на Алфа телевизија.

Коронавирус