петок, 22. јануари 2021. Вести денес: 141
home Вести

Јаневска: Да, за образовни реформи, но не избрзани и несуштински

Јаневска: Да, за образовни реформи, но не избрзани и несуштински

Претседателката на Комисијата за образование и наука на ВМРО ДПМНЕ Весна Јаневска, во емсијата „Стадион“ на Радио Канал 77, изјави дека како партија се апсолутно за реформи, кои се неопходни во нашата држава, кои се потребни не само поради лошите резултати на надворешните и домашни тестирање на учениците, туку и затоа што апсолутно треба да се подобри учењето на нашите ученици, идните генерации кои треба да ја водат оваа држава и да ја направат подобра од она што е.

– Не станува збор дека се потребни реформии заради тоа што имаат помал број на часови и затоа што помалку престојуваат во училиштето, она што ние го дискутираме е концепцијата што е претставена во медиумите со презентација и она што го видовме како пишан збор, изјави Јаневска во емисијата „Стадион” на Радио Канал 77.

Вели дека забелешките се значајни, секоја реформа во учењето треба да е соодветна на државата во која тоа се прави, соодветна на менталитетот на населението, особено менување на матрицата.

– Јас би рекла менување на менталитетот и образованието на наставниот кадар. Кога се почнува со реформа треба да се води сметка за ресурсите кои се присутни и треба да се изградат за да таа реформа може да се спроведе. Сметам дека е малку избразна концепцијата со тоа што таа не е доработена, во ред тоа е идеја, концепција но сепак требаше да има повеќе одговори на поставените прашања, вели Јаневска.

Во однос на интегрирање на постоечките предмети во еден, вели дека нема потреба од такво нешто, предвидената концепција може да се спроведе и без интегрирање на предметите.

– Не може ние да интегрираме предмети во определи општетсвени историски консталации, не е неважно она што и се случува на Македонија во моментов и она што и се случувало во минатото. Во моментов ние добиваме блокада, односно вето за влез во ЕУ, токму заради определени историски прашња. Македонското население, ученици и наставици, живеат во овој период кога го доживуваат тоа негирање на историјата, јазикот и идентитетот, нас особено ни е важно и токму заради тоа треба да се размисли дали историјата треба да се интегрира. Историја претставува еден од националните предмети, би рекла заедно со географијата, дури и како што можеме да видиме дури и во финскиот систем кој беше спомнат таа
постои како предмет заедно со граѓанско општество, смета Јаневска.

Не треба да се браза со спроведување на реформата, посебно не во вака чувствителен момент кога на населението му е важно да го одбрани својот идентитет, вели Јаневска. „Историјата е предмет која го гради нашиот идентитет, преку разни приказни, дури и митови од минатото, која го гради нашиот идентитет, морал, чесност и го гради чувството а лојалност кон државата”, изјави Јаневска која додава дека во момент кога сето тоа е оспорувано, да не постои посебен предмет историја за неа е за голема дискусија.

Смета дека мора да бидеме подготвени, училиштата и основно наставиците.

„Реформа ваква не може да се спроведе доколку наставниот кадар не е доволно подготвен, откако ќе се подготви наставниот кадар, ќе се обезбедат ресурси во училиштата треба да е достапна за сите и еднаква за сите, спорно е напредувањето на наставниците, критериуите не се кажани, еве ќе чекаме да ги видиме, спорни се условите во кои учениците ќе работат тоа е процес кој не може да се направи многу брзо, па прашње е дали ние со оваа економија која ја имаме би можеле да го
направиме и во пет години. Спорни се учебниците , не може да почнете реформа без на наставницитеда им дадете некакви
материјали како ориентација, може да се случи таа слобода која им се нуди на наставниците да стане контролирана партиска слобода, или контролирана од страна на општината, мора да има рамка во која наставниците ќе предаваат, изјави Јаневска и додава дека целиот овој концепт и неговата цел може да се постигне без интеграција на поедини предмети.

Коронавирус