четврток, 19. мај 2022. Вести денес: 184
home Вести

Јаневска: Ако Владата не го одложеше распустот, децата можеби немаше да добијат омикрон, но поради ладните училници можеше да добијат воспаление на белите дробови

Јаневска: Ако Владата не го одложеше распустот, децата можеби немаше да добијат омикрон, но поради ладните училници можеше да добијат воспаление на белите дробови

„Ние побаравме официјално преку социјалните медиуми да се одложи распустот на учениците за две недели. Прво, за да ги заштитиме учениците, заради нивното здравје, да ги заштитиме нивните семејства, да го растеретиме здравствениот систем, да му овозможиме полежерно да функционира во овие тешки денови. Друго, заради страшната енергетска криза. Имам впечаток дека кога Комисијата за заразни болести кога одлучи да не одложува распустот не мислеше многу сериозно ниту се извинувам на колегите но не мислеше многу сериозно ниту на здравјето на младите рачунајќи дека омикрон сојот е многу полесен во однос на делта и другите и дека можеби треба сите што побрзо да го поминеме за да стекнеме некаков имунитет. Но, Комисијата за заразни болести не мислеше ниту на енергетската криза, мислам дека Влада одлучила баш заради енергетската криза да се пролонгира распустот на учениците“, истакна Весна Јаневска, претседател на Комисија за образование и наука при ВМРО-ДПМНЕ во гостување за „Утрински Брифинг“.

Јаневска додаде дека ако училиштата се ладни, тогаш децата не можат да работат.

„Јас напишав можеби децата нема да добијат омикрон, но поради ладните училници може да добијат бронхо пневмонија односно воспаление на белите дробови. Особено затоа што уште важат оние препораки дека треба да се работи со отворени прозори, малку сме во некаква хаотична ситуација“, рече Јаневска.

Јаневска посочи дека треба да се заштитат децата од студот, две недели не се малку за да новата Влада изнајде начин како да го реши проблемот и со парното греење што е важно за училиштата или друг тип на греење. Не е само парното греење во прашање, во внатрешноста на државата училиштата се греат и на струја и на дрва.

Најнови вести

Коронавирус