петок, 18. октомври 2019. Вести денес: 107
home Вести

Јанева во многу лоша здравствена состојба: Катица на преглед во „Жан Митрев“

Јанева во многу лоша здравствена состојба: Катица на преглед во „Жан Митрев“

Притворената екс специјална јавна обвинителка, Катица Јанева, денеска ќе биде однесена на кардиолошки преглед во приватната клиника „Жан Митрев“.

Нејзината адвокатка, Ирена Фрчкоска, потврди за „Фокус“ дека на Јанева и е одобрено барањето да се јави денеска на кардиолошко-интернистички преглед во клиниката. Како што вели Фрчкоска, Јанева е во многу лоша здравствена состојба.

-Има висок притисок и општа анксиозност, здравствената состојба и е многу лоша. Ќе видиме подоцна што ќе кажат докторите околу дијагнозата – вели Фрчкоска.