понеделник, 26. јули 2021. Вести денес: 181
home Вести

Јанева вика дека барале притвор за Груевски, Џолев ја демантира

Јанева вика дека барале притвор за Груевски, Џолев ја демантира

За предметот „Титаник“ побаравме притвор за Груевски, но Кривичниот суд нè одби и одреди други мерки на претпазливост, рече за 1ТВ главната обвинителка на СЈО, Катица Јанева.

-За случајот „Тенк“ за кој Груевски правосилно е осуден на 2 години затвор не побаравме притвор ценејќи дека тој редовно доаѓа во судот а и е пратеник во парламентот, рече Јанева и додаде дека институциите не треба да си ја префрлаат вината за неговото бегство.

Од друга страна, претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев, ја демантира Јанева. Тој истакнува дека Обвинителството во ниеден момент не побара притвор за Никола Груевски.

-Не може судот самоиницијативно да определува мерка притвор, тоа е секогаш по барање на Обвинителството. Во случајот „Тенк” од самиот почеток на подигање на обвинението до соопштување на одлуката од страна на Обвинителството во ниеден момент не е побарана мерка притвор за обвинетиот Никола Груевски, изјави претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев.

Посочи дека двата пасоши на Никола Груевски и дипломатскиот и неговиот личен пасош се одземени и определена е мерката јавување во предметот „Титаник“, додека во предметот „Тенк“ нема никаков предлог ниту за обезбедување на некаков имот, ниту предлог за некакви си мерка за  обезбедување негово присуство.

-МВР точно е дека постапува согласно наредбите и решенијата коишто ги носи Судот, меѓутоа не треба да заборавиме дека постапува и согласно наредби коишто се даваат од страна на Обвинителството, како и самоиницијативно кога станува збор за сузбивање на криминал или спречување еве во конкретниов случај некое лице без пасош да ја напушти нелегално државата доколку се воспостави дека такво нешто се случува, појасни Џолев.

Коронавирус