вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 20
home Вести

Јанева уништува докази и се заканува на потенцијални сведоци

Јанева уништува докази и се заканува на потенцијални сведоци

Атмосферата во СЈО која изминативе денови била тензична кулуминирала денеска кога шефицата на СЈО во оставка Катица Јанева наредила обвинителите да бидат проверувани кога влегуваат и излегуваат од зградата на Специјалното јавно обвинителство, пишува ТВ НОВА.

Наредбата од Јанева за проверка на личните работи на обвинителите стигнала непосредно откако во СЈО била доставена поканата од Обвинителството за организиран криминал до Јанева да даде исказ за „Рекет“ велат обвинители од СЈО за НОВА.

„Примањето на поканата си го направи своето и Јанева си дозволи да нареди сите обвинители да бидат претресувани на влез во СЈО“ коментираше за НОВА обвинител во СЈО.

Обвинителката Фатиме Фетаи, тврдат извори од СЈО, бурно реагирала кога денеска на влез во СЈО полицајците и побарале да ја проверат. На нејзината реакција дека таа не е осомничена од СЈО за да биде проверувана, полицајците рекле дека наредбата ја добиле од Јанева.

Фатиме Фетаи за НОВА потврди дека полицајците и побарале да и и ја проверат чантата кога се враќала од пауза, што досега важело само за лица кои не се вработени во СЈО.

Инаку освен ова Катица се обиде и претходно да уништи докази за случајот Рекет, па така прво го криеше вториот телефон кој не беше пронајден, а потоа и целосно ги избриша сите евентуални доказни материјали од истиот.

„По издавање на првата наредба за одземање на мобилните телефони, беше пронајден само еден мобилен телефон и беше дадена информација дека вториот мобилен телефон бил изгубен. Обвинителството со издадено барање до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лице.

По што, со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен. Притоа лицето изјави дека телефонот е добиен на подарок. Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во континуитет ги преземеа сите дејствија и мерки во насока на целосно расчистување на кривично правниот предмет.

Со цел утврдување на натамошни факти, мобилниот телефон по наредба на обвинителството ќе биде предмет на вештачење. Истовремено, обвинителството испитува дали вториот мобилен телефон бил средство на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“, ова го истакнаа од Основното јавно обвинителство откако го најдоа и вториот телефон на Јанева, но веднаш потоа проструија информациите дека истиот бил целосно форматиран.

Коронавирус