недела, 5. јули 2020. Вести денес: 111
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

Во живо

Мицкоски пред граѓаните во Крушево ја претставува програмата на ВМРО-ДПМНЕ

home Вести

Јанева: Се што кажа Боки 13 вчера го поддржувам целосно и се е точно

Јанева: Се што кажа Боки 13 вчера го поддржувам целосно и се е точно

„Се што кажа Бојан вчера го поддржувам целосно и се е точно“, ова се завршните зборови на обвинетата поранешна специјална обвинителка Катица Јанева на денешното рочиште во судот.

Инаку вчера пред судот завршни зборови имаше и Боки 13 кој откри дека Заев ги имал доказите за него, а на Мијалков му го тргал СЈО за да му обезбеди пратеници за промена на името.

Дојди да се видиме и ќе се соочиме со доказите“. Оваа порака од Зоран Заев е испратена до Бојан Јовановкси на 16-ти април.

Како можел Заев да знае за доказите кои ги имала Вилма уште на 16-ти април ако пријавата е направена на 2-ри мај? Кој му ги дал доказите на Заев?

Овие прашања логично се поставуваат откако случајот Рекет излезе на виделина. Првообвинетиот Боки 13 вчера во судницата раскажа многу повеќе од што некои сакаа да биде слушнато.

„Јас сум сведок и бев – тоа може да се провери многу едноставно доколку има некој интерес да го провери – на 10 ноември 2018 во точно 16 часот во кабинетот на тогашниот премиер Зоран Заев. Сабота како ден. Тогашниот премиер ми кажа дека голема штета направила Катица Јанева со отварање на предметот „Империја“ поради Сашо Мијалков и Јордан Камчев бидејќи имале пратеници кои им требале за да му гласаат уставни измени.

Затоа не се вештачи мојот телефон, затоа што не треба да се види мојот телефон за да не се види мојата комуникација со Сашо Мијалков. Затоа што Зоран Заев тогаш многу сакаше да соработува со Мијалков за помош во врска со референдумските прашања. Требаше да го снимаме Мијалков и тој да помогне“.

Не се вештачи мојот телефон, рече тој, бидејќи ќе се види комуникацијата и врската меѓу Сашо Мијалков и тогашниот премиер Зоран Заев.

Завршни зборови на Катица Јанева: Кичеец бил праќан од власта да снима политичари и бизнисмени

Од досега изведените докази на обвинителството можеме да заклучиме дека сведокот Јордан Камчев во неколку наврати сведочеше за сознанија кои ги добил од трети лица, главно од неговата сопруга Ана Камчева, Зоран Милевски и покојниот Жарко Луковски – рече адвокатот на Катица Јанева во неговиот завршен збор

Според адвокатот на Јанева, сега осудениот Зоран Милевски – Кичеец очигледно било дека е лице кое имало единствена задача – незаконски да снима разговори кои ги води, да нуди и да посредува во поткуп и да поттикнува кривични дела…

„Деновиве можеме да слушнеме нови ‘бомби’ снимени од сега осудениот Зоран Милевски – Кичеец. Оттука, можеме да заклучиме дека единствена негова задача била незаконски да ги снима разговорите, да посредува во поткуп и да поттикнува кривични дела“ – рече адвокатот во завршниот збор.

Вчера, во својот завршен збор и Бојан Јовановски објаснувае дека Кичеец е „агент провокатор“ кој бил испратен од некои лица од власта да снимаат повеќе луѓе, меѓу кои и Катица Јанева и Христијан Мицкоски.

Според Јовановски, Заев имал за цел да го уништи СЈО бидејќи Катица Јанева почнала да му прави штета со притворувањето на Сашо Мијалков.

-Јас сум бил сведок каде лично им е ветувано олеснување ако го поддржат референдумското прашање. И на Сашо Мијалков му е вратен пасошот, па никој не прашува, изјави Јовановски.

Јанева во судот денеска откри и дека во предметот „Поткуп“ целосно се менувал ставот во членот по кој се гонел обвинетиот за да добие ослободителна пресуда.

Парламентарни избори 2020