сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Јанева не се гледа ниту со „пријателите“, ниту со непријателите во Шутка

Јанева не се гледа ниту со „пријателите“, ниту со непријателите во Шутка

Ден по распитот кај обвинителката Вилма Русковска, Катица Јанева ја загуби својата мајка, а истото утро беше и приведена за вмешаност во аферата „Рекет“. Следниот ден на погребот присуствуваше во улога на притвореник, со забрана да комуницира со роднините, а по завршувањето на погpeбната церемонија, веднаш беше вратена во затворот во Шутка.

Во „Шутка“, пак, за Јанева немаше место во таканареченото „хашко одделение“, за кое се смета дека има нешто подобри услови, бидејќи тие ќелии се доделуваат по принцип „прв дојден, прв услужен“.

Сепак, како што пренесува „Независен“, според извори од затворот, направена е безбедносна проценка и Јанева е сместена во соодветна ќелија, при што за неа се предвидени посебни безбедносни мерки. Со оглед дека станува збор за обвинител што гонел криминалци и од низок и од висок ранг, како за време на СЈО, така и претходно, Јанева е распределена во ќелија каде нема да биде во контакт со „пријателите“ обвинети за „Рекет“, но ниту со непријателите кои од претходно можеби ги има во затворот и кои евентуално би имале мотив да и се одмaздaт.

–Направена е безбедносна проценка и таа е сместена во соодветна ќелија. Внимаваме да не биде во контакт со другите обвинети од случајот „Рекет“, но и со евентуално други затвореници што можеби сакаат да ѝ се одмаздат. Вообичаено, притворениците не одат сами во соба, туку имаат цимер – велат извори од затворот во населбата Шуто Оризари за „Независен“.
Според нив, Јанева е сместена во женскиот оддел на првиот кат од затворската зграда. Условите од женскиот дел во затворот се за нијанса подобри отколку во машкиот, но и натаму се далеку од просекот што важи во европските држави.

Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.