вторник, 2. јуни 2020. Вести денес: 99
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Јанева користела мобилен телефон од нејзината сестра кој го добила на наградна игра

Јанева користела мобилен телефон од нејзината сестра кој го добила на наградна игра

Катица Јанева освен приход од плата на трансакциските сметки немала екстра приходи. Според Анкетниот лист, таа немала зголемен имот, а регистрирано е зголемување во кредитното задолжување. Телефонскиот апарат кој и бил одземен на Јанева, всушност на наградна игра го добила нејзината сестра Лиле Делиџакова. Оваа новост денеска ја презентираше Дељо Кадиев, еден од адвокатите на второобвинетата во „Рекет”, Катица Јанева, пренесува „Слободен печат“.

На почетокот на денешното рочиште беше објавено кратко видео од гостување во емисија на Катица Јанева во поранешната 1ТВ во кој таа вели дека е против одредувањето на најстрогата мерка притвор и нагласува дека и куќниот притвор е притвор. Според тоа што во емисијата го кажува Јанева, судот е тој што одлучува, а не обвинителот и можеле да не го прифати предлогот или не за мерка куќен притвор.

Кадиев за доказ го приложи Начелното правно мислење на Врховниот суд со кое ги забранува за СЈО истрагите, а приложи и болнички документи од болницата „Систина“ според кој од сметката на Лиле Делиџакова е платено лекувањето на нивниот болен татко, а не како што било претходно тврдено во текот на постапката дека лекувањето било бесплатно. Во листата на докази се и документи од актуелни истраги, односно предмети кои биле започнати од поранешното СЈО, а потоа предадени во републичкото Јавно обвинителство. Поради сензитивниста на дел од тие докази, судијката Васка Николовска- Масевска одлучи поради чување на деловна тајна јавноста да биде исклучена.

Обвинителниот акт на денешното рочиште го бранеше обвинителката Сузана Мирчевска-Кузмановска. Според ОЈО, Катица Јанева во „Рекет” е обвинета за кривичното дело „злоупотребена службената положба и овластување”, а Бојан Јовановски за „примање награда за против законито влијание” и за „перење пари”.

Коронавирус