недела, 17. ноември 2019. Вести денес: 40
Во живо

Годишна конференција на УМС: Младите за обнова на Македонија

home Вести

Јанева и Боки 13 остануваат во Шутка: Одбиени барањата за укинување на притворот

Јанева и Боки 13 остануваат во Шутка: Одбиени барањата за укинување на притворот

Основниот кривичен суд Скопје ги одби како неосновани барањата за укинување на мерката притвор на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и на Бојан Јовановски – Боки 13, осомничени во случајот „Рекет“.

– Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлози на обвинетите К.Ј. и Б.Ј., поднесени од нивните бранители, за укинување на мерката притвор определена со решенија на судии на претходна постапка, ценејќи
ги фактите и околностите во предлозите донесе решенија со кои: -Предлогот на обвинетата К.Ј. за укинување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка, а продолжена со решнија на кривичен совет, поради постоење на причините предвидени во чл.165 ст.1 т.1 од ЗКП, со прифаќање на гаранција или определување на мерки на претпазливост – се одбива како неосновано. Предлогот на обвинетиот Б.Ј. за укинување на мерката притвор определена со решение на судија на претходна постапка, а продолжена со решенија на кривичен совет, и замена со поблаги мерки за претпазливост – се одбива како неосновано, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

Против овие решенија, како што стои во соопштението, странките имаат право на жалба во рок од три дена до Апелацискиот суд – Скопје.