четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 213
home Вести

Јанева до последен момент била прв избор на Заев за шеф на новото обвинителство

Јанева до последен момент била прв избор на Заев за шеф на новото обвинителство

Катица Јанева до последен момент била првиот избор на Зоран Заев за шеф на новото обвинителство за гонење на висока корупција обзнани адвокатот Панче Тошковски кој воедно е дел од преговарачкиот тим на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за обвинителство. Тој во емисијата „Само Вистина“ истакна дека опозицијата од почетокот на преговорите била принципилена и стоела на ставот дека во Закон не може да стои името на обинител кој ќе раководи со новото обвинителство.

-Ние бевме принципиелни од почеток. Ние велевме не може со Закон да се пише име на обвинител кој ќе раководи со ова обвинителство. Пред фактите и боговите молчат. Во вашиот предлог закон стои името на Катица Јанева да биде шеф на новото обвинителство. Тоа беше предлог усогласен помеѓу СДСМ и ДУИ кои што го доставија во Собрание. Таму стои Катиа Јанева уште година дена да си биде шеф на обвинителството па после ќе видиме. Е сега кога излезе ова со Рекет, не било добро Катица да биде, тогаш го прифатија нашиот предлог. И сега кок да биде ај по сила на закон , Вилма Русковска , Истата оваа обвинителка која гледаме нај благо кажано максимално сомнително ја води истражната постапка за случајор Рекет, вели Тошковски.

Најнови вести

Локални избори 2021