понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 155
home Вести

Јанев со поддршка за Силјановска Давкова, апелиpa да се поддржи професорката

Јанев со поддршка за Силјановска Давкова, апелиpa да се поддржи професорката

Професорот по меѓународно право Игор Јанев, кој долги години се занимава со прашањето на името, јавно побара поддршка за својата колешка Гордана Силјановска Давкова.

Јанев кој предава на Институтот за меѓународна политика во Белград и кој се залага името да се реши во системот на Обединетите Нации, од македонските граѓани бара да се гласа за Силјановска.

Претходно дел од медиумите пренесоа изјава на Силјановска која вели дека е во контакт со водечкиот македонски експерт за Обединетите Нации.

Игор Јанев е роден 1964 година во Белград, Србија.

Дoктoрирал на Пpaвниот факултет во Скопје во 1994 година, а пост-дoкторски студии завршил во САД (Вашингтон, Шарлотсвил и Медфорд – Харвард) во дисциплините на меѓународната политика и меѓународното пpaво. Член е на неколку престижни меѓународни здруженија за мегународно пpaво и меѓународни односи, мегу кои се ASIL и ACUNS.

Д-р Игор Јанев е и член на Њујоршката академија на науките (NYAS). Од 2000 година Игор Јанев бил вработен во Институтот за политички науки во Белград, а во 2010 година ја добива и највисокота научна титула Научен советник (во ранг на редовен професор на Универзитетот во Белград).

Коронавирус