сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 93
home Вести

Јане Ченто: Ме држите 11 месеци со препишани решенија за притвор

Јане Ченто: Ме држите 11 месеци со препишани решенија за притвор

Во Апелациониот суд во Скопје се одржа јавна седница за продолжувањето на притворот на обвинетиот Јане Ченто за настаните од 27 април. На седницата не дојде обвинител од Вишото јавно обвинителство да објасни на кои околности се согласил со продолжување на притворот за обвинетиот Јане Ченто, пишува Макфакс.

Обвинетиот Ченто пред тројцата судии Јани Нича, Цветанка Периќ и Сафет Кадрии рече дека го држат во притвор со „копи-пејст“ решенија и дека постојано го препишуваат само аргументот дека притвор се бара поради сериозноста на кривичното дело.

„Вратете ме во Шутка со браќата. Чест е да се биде во затвор во вакво време“, рече Ченто и додаде дека во Македонија има селективна правда. „Со факти и докази не’ држите 11 месеци во притвор. Моите браќа се во Шутка. Неправедно ги држите во притвор“, кажа правнукот на Ченто во судницата.

Коронавирус