петок, 7. мај 2021. Вести денес: 65
home Вести

 Јанчев: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нема да дозволиме да ја изгубиме државата и нацијата

 Јанчев: Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен, нема да дозволиме да ја изгубиме државата и нацијата

-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен. Ние нема да прифатиме промена на Уставот се со цел промена на уставното име на Република Македонија. Ние сме за влез во НАТО и ЕУ, но не по секоја цена, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Митко Јанчев во денешното гостување во емисијата „Само вистина“.

Јанев потенцираше дека владата на СДСМ одлучила да ја исклучи опозицијата од процесот на преговарање, како што кажа тој тие немаат информација во кој правец течат преговорите за спорот со името. Според него не е прифатлива никаква промена во Уставот и промена на идентитетот на македонскиот народ. Како што нагласи Јанчев, ВМРО-ДПМНЕ и сега а и во иднина ќе биде на браникот на националните интереси.

-Доколку оваа влада има некој предлог за името, треба да излее и да каже кој е тој предолг а потоа да одлучат граѓаните на референдум. Ние мора да го заштитиме нашите граѓани. Ако ова не го направиме ние ќе се изгубиме, а и ќе ја изгубиме и државата, нагласи Јанчев.

Потпретседателот Јанчев побара од владата на СДСМ да собере сили и да излезе да каже што точно содржи пакетот кој што го добила Република Македонија од Република Грција. Како што потенцираше тој, ВМРО-ДПМНЕ и сега а и во иднина ќе биде на браникот на националните интереси.

 

Коронавирус