понеделник, 16. септември 2019. Вести денес: 105
home Вести

Јанакиески вратен во притвор без операција

Јанакиески вратен во притвор без операција

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески не правел операција на срцето откако по направените испитувања е вратен во Истражниот затвор во Шутка, јавува МКД.МК.

Есад Рахиќ за МКД.мк вели дека состојбата на Јанакиески е стабилна и дека по прегледите е вратен во затвор.

– „Јанакиески беше носен во болница минатата недела и по направените испитувања е вратен во Истражниот затвор во Шутка. Врз него не е направена хируршка интервенција и здравствената состојба му е добра”, вели Рахиќ за порталот.

Јанакиески штрајкуваше со глад, но по препорака на лекар го прекина штрајкот.