петок, 4. декември 2020. Вести денес: 47
home Вести

Јанакиески во лоша физичка состојба во „Шутка“- 9 дена пие само вода

Јанакиески во лоша физичка состојба во „Шутка“- 9 дена пие само вода

Деветти ден по ред, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, штрајкува со глад во истражното оделение во „Шутка“ каде што се наоѓа во притвор.

Како што тврдат за „Лидер“ луѓе кои го виделе Јанакиески во затворските и судските ходници, тој од затворот „Шутка“ примал само вода и бил во значително лоша физичка состојба.

-Јанакиески е многу физички пропаднат, има изгубено боја на лицето и многу тешко комуницира, сведочи за „Лидер“, лице кое го видело Јанакиески.

Од истражното оделение „Шутка“ одбиваат да го коментираат штрајкот на Јанакиески и не даваат информации за неговата физичка состојба.

Наместо да преземе нешто околу ова, власта одлучи преку провладините медиуми да шири лажни вести дека Јанакиески од дома добивал „ланч пакети“ и всушност не штрајкувал, иако за тоа не се нуди никакви докази, па ни изјава од затворот.

Неговата сопруга пред два денови се огласи на Фејсбук преку статус во кој сведочеше за состојбата на Миле. Таа кажа дека против него се води психолошка војна.

-Тој е едноставно човек. А сега тој човек е жртва на психолошка војна. Неправедна војна кон него бар. За други не знам и не можам да кажам. Верувајте на никого не го посакувам ова што нам ни се случува.

Знам дека вистината еден ден ке излезе на виделина но исто така можам да кажам дека не сум убедена дека Миле ке ја дочека здрав и читав. – напиша на Фејсбук Сања, сопругата на Миле.

Инаку екс функционерот Јанакиески заработи притвор за случај со пренамена на државно земјиште, заедно со двајца актуелни функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата случајот го оценуваат како класичен политички прогон.

-Знаеме дека власта сака да се одмаздува. ВМРО-ДПМНЕ е навикнато на прогони и на притисоци. Но ги повикуваме, еве нека ги гонат членовите на ВМРО-ДПМНЕ, нека не ги гонат недолжните службенички кои што ништо друго не прават освен што си ја вршат својата работа.

Внимавајте ова е случај во кој што нема како што утрово беше најавувано криминал, корупција, ниту кај било кој од оние кои што се утрово приведени се најдени нелегално стекнати средства или против правна-имотна корист. – изјави Николоски на 28 јуни за приведувњето и додаде дека власта е во очај поради губење на довербата кај граѓаните.

Поради одредениот притвор адвокатот Еленко Миланов вели дека Јанакиески е револтиран.

–-Прекршен е законот, односно на сила се две решенија за притвор, едното за куќен притвор одреден за случајот „27 април“ и сега за новиот предмет, за кој доби притвор. Тоа е недозволено. За потешка квалификација, за „27 април“ доби куќен притвор, а сега притвор, со истите образложенија дека можел да избега или да влијае врз сведоци, вели адвокатот Миланов, додавајќи дека куќниот притвор се пкажал како ефективен и не требало да се менува за притвор, изјави Миланов за „Фокус“.

За штрајкот со глад на Јанакиески е информиран и Кривичниот суд.

Коронавирус