вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 1
home Вести

Јанакиески сведочеше во случајот „Топлик“: Немав никакво влијание во работата на второстепената комисија на Министерството

Јанакиески сведочеше во случајот „Топлик“: Немав никакво влијание во работата на второстепената комисија на Министерството

Одговорно тврдам дека немав никакво влијание во работата на второстепената комисија при министерството за транспорт и врски. Таа комисија е за отуѓување на градежно неизградено земјиште, истакна во своето сведочење Миле Јанакиески во случајот Топлик. Тој пред судот уверуваше дека немал со членови на комисијата немал директен контакт и ја почитувал хиерархијата во министерството.

-Комисијата работеше независно во рамки на нивните надлежности без никаков притисок, рече поранешниит министер пред судот.

Jaнакиески објасни дека ниту тој ниту комисијата можеле да знаат што ќе се случува во иднина,односно цели четири години откако ќе заврши јавното наддавање.

-Тврдам дека нема направено никаков пропуст, истакна Јанакиески.

Тој објасни дека во министерството има јасна поставеност по функции и надлежности.

-Затоа не може целата одговорност да припадне на министерот. Продажбата на неизградено градежно земјиште се одвива според законот за градежно земјиште и уредбата што произлегува од тој закон, истакна Jанакиески.

Коронавирус