сабота, 17. август 2019. Вести денес: 91
home Вести

Јанакиески се жали на болки, болницата тврди дека нема телесни повреди

Јанакиески се жали на болки, болницата тврди дека нема телесни повреди

Од ГОБ „8-ми Септември“ попладнево потврдија дека кај нив бил примен поранешниот министер Миле Јанакиески.

Иако тој беше претепан во затворот во Шутка, од болницата велат дека не му биле констатирани телесни повреди.

-Во Градската општа болница „8-ми Септември“ Скопје е примено лицето М.Ј кој анамнестички (по вербално кажување) се пожалил на болки по телото и главата. По извршениот соодветен клинички лекарски преглед не се констатирани никакви телесни повреди, се вели во соопштението од болницата.