сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 30
home Вести

Јанакиески: Oд 80.000 разговори во кои сум прислушуван, нема ниту еден единствен доказ за она што го тврди Обвинителството

Јанакиески: Oд 80.000 разговори во кои сум прислушуван, нема ниту еден единствен доказ за она што го тврди Обвинителството

„Уште една потврда дека обвинителството нема докази против мене е и самиот факт што незаконски сум прислушуван цели 7 години и за мене постојат над 80.000 разговори согласно информациите добиени од СЈО, па доколку за овој настан имаше аудио записи или СМС порака каде преземам дејствија утврдени во обвинителниот предлог, зарем истите немаше да бидат презентирани во текот на расправата? Не беа презентирани, почитуван Судија, бидејќи такви докази не постојат, заради тоа што такво дејствије никогаш не сум сторил.“

Ова на денешните завршни зборови за настаните пред Општина Центар во 2013 година го нагласи обвинетиот Миле Јанакиески.

Тој додаде:

„Како може да постојат докази кога јас другите обвинети кои наводно сум ги поттикнал не ги ни познавав, а тој факт го искажаа и самите во текот на нивниот распит? Да ги познавав сигурно ќе имав и некаква комуникација со нив и таквата комуникација ќе се најдеше во материјалите од прислушуваните разговори кои ги има обвинителството и сигурно ќе беше приложена како доказ во оваа постапка“.

Тој посочи дека во неколкуте материјални докази кои беа презентирани пред судот кои се однесуваат на овој кривично правен настан, него воопшто го нема.

Името на Јанакиески не е спомнато и во ниту еден исказ на сведок ниту обвинет, во насока дека Јанакиески било кога поттикнал некого да изврши кривично дело Насилство. Дека Јанакиески не преземал такви дејствија е потврдено и од страна на сведокот на обвинителството Томислав Лазаров, според чие „сведочење“ Обвинителството ја ослободи Даниела Рангелова, но не и Јанакиески кој, се чини, е одбран да биде жртвено јагне во овој случај.

Дополнително, Јанакиески потенцираше дека според закон и судска пракса, никаква пресуда не може да биде темелена врз основ на исказ на лице кое претходно признало вина во еден случај, особено што лицето призна вина според околности во кои тоа лице и Рангелова по насоки од Јанакиески координирале со протестите, а во новото обвинение Рангелова е ослободена од вина, додека пак Лазаров негираше дека имал било каква координација со протестите и нагласи дека не добивал никакви наредби за насилство од Јанакиески.

Хаос е премал збор за да се опише целата судско-обвинителска рашомонијата во овој случај која остава само горчлив впечаток дека некои лица се одбрани да бидат жртви по секоја цена, колку да се создаде „перцепција“ дека лицата за кои е создавана перцепција дека се „црни ѓаволи“ со селектираните сечени бомби на Заев, се конечно осудени како злосторници – без оглед што за така создадената перцепција нема докази, туку само политички флоскули, препукувања и обвинувања.

Коронавирус