петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Јана 4 години храбро се бори со ракот: Битката ја отежнува Фондот кој ја одби за да го продолжи лекувањето во странство

Јана 4 години храбро се бори со ракот: Битката ја отежнува Фондот кој ја одби за да го продолжи лекувањето во странство

Болеста значи нов живот, но трагата по него е исцрпувачка и неизвесна.

Една од раните на ракот, е тагата-зборовите тешко излегуваат од грло, но лесно се преточуваат на хартија во долгите ноќи кога болката е неиздржлива,кога  33 годишната охриѓанка Јана Арсовска која 4 години боледува од редок и многу агресивен вид на рак се бори со себе си.

Јана помина низ две трансплантации на матични клетки,многу хемотерапии, зрачења, но болеста сеуште не поминува. Деновиве се навршува една година од втората трансплантација, а Јана лежи веќе 8 месеци не може да стане, бидејќи има силни болни во ногата на која има изгореници од зрачењето.

Тешко е да останеш позитивен-вели но јас сум жива и појака од секогаш.

Лекарите од германската клиниката во Флензбург каде се лекуваше предлагаат да прима имунитерапија со антитела кои ги уништуваат малигните клетки,но тоа чини многу пари,првично околу 80.000 евра. Затоа Јана, благодарна на сите хумани луѓе и на државата што и помогна да се лекува во странство, уште еднаш се обрати до Фондот за здравство да и одобри сретства за да го продолжи лекувањето, но беше одбиена.

Целата сторија за неа, погледнете ја на АЛФА

Коронавирус