петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Јамка“ околу вратот на Рашковски за спас на владата на Заев

„Јамка“ околу вратот на Рашковски за спас на владата на Заев

Екс генерален секретар, иноватор, бизнисмен, се само дел од функциите на Драги Рашковски.

Драги Рашковски навидум мирен и повлечен човек кој требаше да воведе некаков си ред во генералниот секретаријат на владата, но како вели една стара поговорка „испод мира триста вира“.

Скандал по скандал се редат зад името на Драги Рашковски, МНАВ, уредот купен за потребите на МВР, скапиот џип кој патем не му е нов, минатата година во топлите денови со семејството јавно го паркираше во градскиот парк, но еве сега решил некој и го снимал, потоа хациенда, одмор во Мексико… нема крај!

Владин службеник кој во време на пандемија решил да земе одмор и да одлета во топлото Мексико, точно Мексико е атрактивна дестинација, плажи, хотели, но Мексико е многу попознат и по криминалот, за што бил Драги Рашковски баш сега во Мексико оставаме самиот да каже.

Но скандалите на Драги Рашковски веќе почнуваат да и наштетуваат и на владата на Зоран Заев. Јавноста остро реагира, смачено и е веќе да гледа и слуша како некој со плата на владин службеник, вози скап Волво џип и пријавува дека ќе гради огромна хациенда.

Уредот кој Драги Рашковски го патентирал, а потоа и продал на МВР е капак на целава ситуација, небаре Рашковски измислил топла вода или во еден од филмовите на Џејмс Бонд имаше уред наречен „Божјото око“, знаете оној уред кој препознава фаци, едноставно знае каде одите, што правите, ве следи во постојано, ама не, ова не е таков уред, но Драги Рашковски го патентирал, јак иноватор е мора да признаеме.

Е сега, уредот за МВР чини 80.000 евра, а џипот кој го вози, според пишувањата во некои од медиумите чинел 75.000 евра, коенциденција или можеби не… Драги Рашковски и минатата година го возеше истиот тој џип.

Имено за сериозноста на ситуацијата свесен е и самиот Заев, па затоа по се изгледа реши да му ја врзе „јамката“ околу вратот на Рашковски, а со самото тоа и комплетно да заврши со него. Едноставно е, Зоран Заев со апсењето на своите сака да даде некаква си слика на борба со криминалот и корупцијата, ама во последно време некако многу свои луѓе апси, толку ли се влезени во криминал и корупција луѓево?

Зоран Заев е свесен дека доколку не заврши со Драги Рашковски владата ќе му падне, можеби не оваа есен на предвремени парламентарни избори како што бара опозицијата, бидејќи реално е пребрзо, но следната година сигурно доколку скандалите не престанат.

Зоран Заев е свесен дека во моментов Драги Рашковски му е проблем, голем проблем, па затоа тргна да го решава тој проблем и да спаси колку може да се спаси, бидејќи ова не се заборава, се ближат локални избори, опозицијата овие скандали ќе ги искористи во својата кампања со сигурност, па сигурно ќе се најде и во некој од нивните спотови.

Драги Рашковски од Мексико испрати порака дека кога ќе се врател во Македонија се ќе објаснел, побара и тв дуел, беше викнат и на интервју на една национална телевизија, нигде не се појави, знаете зошто? Одговорот е едноставен, Зоран Заев му забрани!

Зоран Заев му забрани на Драги Рашковски да се појави јавно и да зборува за сите овие скандали, бидејќи ако се појави работите ќе тргнат удолу, Зоран Заев тоа го сфатил и му забранил на Рашковски.

Зоран Заев му ја врзал „јамката“ околу вратот на Рашковски, а Рашковски касно го сфати тоа!

Коронавирус