среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 172
home Вести

Јаковљевиќ: Горјан Тозија ме измами, ми продаде стан кој не е негов (ВИДЕО)

Јаковљевиќ: Горјан Тозија ме измами, ми продаде стан кој не е негов (ВИДЕО)

Директорот на македонската агенција за филм Горјан Тозија, два пати продал ист стан во Загреб.

Тозија во деведесетите години, додека работел како продуцент во филмската куќа Јадран филм, својот стан во Загреб, на улица „Зеленграј” број 67, еднаш го продал на семејство од Македонија, а потоа повторно го продал на свој пријател од Хрватска, Милан Јаковљевиќ, за наводно да излезе од коцкарски долгови.

Истражувачката емисија „Блиц”, ексклузиво направи интервју со оштетениот Милан Јаковљевиќ.

Горјан Тозија го продал станот на Милан во 1993 година, а една година претходно истиот стан го продал на семејството Лабош.

-Кога ми го продаде станот, јас во тој момент немав информации дека пред мене, го продал станот и на други луѓе. Станот е два пати продаден и јас кога доаѓав овде, соседите пријавија во полиција, дека јас всушност сум провалил во станот. А јас бев сопственик, го имав договорот и имав платено данок. Тогаш започнавме судски процес, вели Јаковљевиќ во „Блиц”.

Тозија одлучил да го измами својот пријател, бидејќи влегол во финансиски проблеми и криза. Јаковљевиќ го купил станот за да му помогне, но не ни помислувал дека станува збор за измама.

-Кога го прашав него како можеше да ме измамиш, кога сме пријатели, тој ми одговори дека само ти ми веруваше, другите не ми веруваа, затоа те измамив, вели Јаковљевиќ во „Блиц”.

Коронавирус