сабота, 22. февруари 2020. Вести денес: 54
home Вести

Јаковлески: На 5-ти мај да гласаме за број 2, за професорката Гордана Силјановска Давкова

Јаковлески: На 5-ти мај да гласаме за број 2, за професорката Гордана Силјановска Давкова

Еден од основачите на партијата, Мане Јаковлески, апелира во недела да се гласа за кандидатот поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

Неговиот текст го пренесуваме во целост:

Ова се шестти претседателски избори во Македонија од осамостојувањето на Македонија во 1991 година. Меѓутоа, ова се првите избори по Преспанската спогодба меѓу Грција и Македонија која со помош на Зоран Заев и неговата СДС земјата го смени името на Република Македонија.

Единствен спас за Македонија од ова сценарио е оваа разорна власт која потфрли во одбраната, контролата на внатрешните работи и владеењето на криминалот, да си замине.

Начинот на кој што ќе си замине побрзо и најефикасно е пораз за СДС на идните Претседателски Избори.

Македонскиот народ мора да се мобилизира и на 5 мај да ја даде целата своја поддршка на единствениот кандидат кој ќе ги штити македонските национални интереси, професорката Гордана Силјановска Давкова.

Професорката Гордана Силјановска Давкова ги има сите адути да биде идна мајка на нацијата.

Со нејзината победа таа ќе ја врати правдата и стабилноста во земјата, како што тоа досега го правеше Претседателот Ѓорге Иванов.

Затоа е потребно гласачите масовно да излезат на овие претседателски избори. Тие со своето гласање треба да ја делегитимираат авторитарната власт на Зоран Заев.

Овој пат мнозинството кое го бојкотираше референдумот за промена на името, како и оние кои власта ги разочара, треба масовно да излезат и да и дадат поддршка на професорката Гордана Силјановска, за идната мајка на нацијата.

Ги повикувам Основачите, Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ и сите кои ја сакаат нашата единствена татковина Р. Македонија, на 5 мај да ја дадеме целата своја поддршка на единствениот кандидат кој ќе ги штити македонските национални интереси.

На 5 мај да гласаме за број 2, за професорката Гордана Силјановска Давкова.

Вечна да е Република Македонија!