четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 148
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

Јаковлески и група ветерани за новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски направи голем исчекор, ВМРО е на чекор пред другите и на браникот на татковината

Јаковлески и група ветерани за новиот статут на ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски направи голем исчекор, ВМРО е на чекор пред другите и на браникот на татковината

Од самото формирање на ВМРО-ДПМНЕ до денес се бараше начин како да се зајакне учеството на секој еден член во крајната партиска политика. Тоа вечерва е постигнато. Донесен е најдемократскиот статут на ВМРО-ДПМНЕ, остварена е мислата на Драган Богдановски и на сите основачи кои прерано не напуштија, но и на сите нас кои со помош на Христијан Мицкоски дојдовме до тука.

– Јас Мане Јаковлески, кој долги години бев во Германија, од каде што и почнаа подготовките за формирање на ВМРО-ДПМНЕ можам слободно да кажам дека статутот кој вечерва беше изгласан е на ниво на статутите на ЦДУ и другите наши сестрински партии.

Мицкоски со статутот ја враќа Унијата на Ветерани и овозможува, ние Ветераните преку една клетка, еден партиски орган унисоно да делуваме и твориме.

Македонија во ВМРО-ДПМНЕ со овој статут ја доби најдемократската партија. Партија која ја гарантира родовата застапеност, младинската вклученост и почитта кон основачите и ветераните.

Христијан Мицкоски направи голем исчекор. ВМРО-ДПМНЕ било и ќе остане чекор пред другите, на линија со новото време и на браникот на татковината.

Ламбе Арнаудов
Манојил Мане Јаковлески
Слободан Мане Атанасовски
Тане Марковски
Јован Ване Петров
Ѓорѓи Малковски
Добре Мијалов
Цаци Димитриева
Боки Петров
Весна Стојановска
Борис Делев
Кире Мојсоски
Томе Гонев
Дејана Андонова
Нада Јакимовска
Ласте Миневски
Ласте Миневски и многу други ветерани на ВМРО-ДПМНЕ

Коронавирус