среда, 14. април 2021. Вести денес: 101
home Вести

Јаќимоски: Форумот на жени на СДСМ и ЛДП од Кичево делеа партиски благодарници во државна институција во работно време со своите активисти

Јаќимоски: Форумот на жени на СДСМ и ЛДП од Кичево делеа партиски благодарници во државна институција во работно време со своите активисти

Лазе Јаќимоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска преку статус на Фејсбук обвини дека форумот на жени на СДСМ и ЛДП од Кичево делеа партиски благодарници во државна институција во работно време со свои активисти.

-Почитувани

Локалните функционери на СДС следејќи го примерот на нивните шефови дури и на ваков ден празник и ситуација во која од ден на ден поради нивната неспособност, бројот на заболени и за жал починати наши граѓани и сограѓани се повеќе расте, тие само на нив својствен начин не успеаа да се воздржат а да не ги злоупотребат државните институции во случајов здравствениот дом , болницата и ковид центарот во Кичево , за нивни партиски активности и себепромоција.

За што станува збор треба да го запрашаме директорот а воедно и претседател на општинската организација на СДС – Кичево, како , зошто , во кое својство и по кој повод тој и форумот на жени на СДС и ЛДП од Кичево делеа партиски благодарници во државна институција во работно време со свои активисти, а истовремено негови колеги раководители и директори во други институции и јавни претпријатија во градот , малтретираат , уценуваат се закануваат и им вршат мобинг на работници поради ФБ статуси.

Почитувани секоја чест за вниманието и делењето на цвеќе на здравствените работнички но за делење на партиски благодарници може да ги повикате во вашите простории и да го направите тоа , а не во државна институција и во работно време.

Затоа се прашуваме партиските благодарници што ги поделивте денес заедно со главната сестра на болницата и други активисти , ги поделивте во својство на директор или во својство на претседател на општинската организација на СДС – Кичево.

Вака изгледаат заробени институции и заробена држава, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Почитувани

Локалните функционери на СДС следејќи го примерот на нивните шефови дури и на ваков ден празник и ситуација…

Posted by Лазе Јаќимоски on Понеделник, 08 март 2021

Коронавирус