среда, 30. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски: Зголемување на индексот на цени во земјоделството

Јакимовски: Зголемување на индексот на цени во земјоделството

И во последното соопштение за индексот на цените во земјоделството објавено од страна на Државниот завод за статистика, се забележува зголемување на индексот на цените и во инпутот и во аутпутот, пишува Миле Јакимовски, ВМРО-ДПМНЕ.

„Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во ноември 2018 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е зголемен за 5.5 %, а кај аутпутот се бележи зголемување од 5.1 %. Во ноември 2018 година, во споредба со ноември 2017 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 105.8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 101.4. Во делот аутпут, во ноември 2018 година, во споредба со ноември 2017 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 105.5, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 103.7.“

Оваа е само последното соопштение на „ДСЗ“ но ако ги анализираме месечните соопштенија некаде од септември 2017 па до денеска, заклучно со оваа презентираното ке забележиме континуиран раст на цените на земјоделското производство како на репроматеријалите и трошоците за инвестиции (инпутот), така и на финалниот производ (аутпутот) од кое може да се заклучи дека имаме континуиран пораст.

Што во суштина значи оваа?

Ова значи перманентно поскапување на земјоделското производство и репроматеријалите, вклучувајки ја и нафтата која е зголемена во последниот месец во однос на истиот месец ланската година за 16,8.

Самото поскапување на нашето земјоделско производство всушност значи и помала конкуретност на странскиот пазар, а генерално поскапување на истите производи и нивните преработки на домашниот пазар, а во крајна мерка и завртување на инфлаторното тркало заради дисбаланс на актуелните  економски параметри. Доколку сакаме да се браниме инфлацискиот бран најлесно е тоа да се прави со задолжување што впрочем владата и го прави континуирано секој месец.

Уште еднаш ќе потсетам, оваа е во континуитет од почетокот на владеењето на СДС па до денеска.

Но ако детаљно ги погледнеме извештаите ќе забележиме и дека некаде од 2013 година па се до крајот на 2016 и почетокот на 2017 година имаме континуирано опаѓање на индексот на цените за скоро исто толку проценти (во просек од 1-5) во однос на годините на назад, што пак значи континуирано поефтинување на призводството кој е обратен процес од оваа што сега ни се случува, тоа е со едена реченица  поконкуретни наши примарни производи на странскиот пазар и поголема конкурентност, поефтини суровини за домашната преработувачка  прехранбена индустрија, со самото тоа и зголемување на додадената вредност, а за крајните корисници граѓаните зголемување на куповната моќ. Да потсетиме и тогаш имавме ценовни шокови на нафтата и во одреддени периоди огромно поскапување.

Не можеме а да не заклучиме дека овие периоди и трендови не се појавуваат случајно, бидејки во економијата нема ништо случајно, па секој податок преставува индикатор на одредени позитивни или негативни движења и трендови, а дека зголемувањето на индексот на цените на примарните земјоделски производи  е производ на лошите политики во земјоделството исто како што намалувањето на индексот на цените е резултат помеѓу другото и на добрите политики во областа .

Уште да напоменеме дека овие индекси на цени  се пресметувани согласно методологијата на Државниот Завод за Статистика и се дадени без пресметан ддв.

Имајки ја во вид овогодишната проекција на буџет за 2019 која е енормно поголема во однос на минатата т.е. тековнава 2018 као и  елаборираниот тренд на зголемување на индексот на цените не само во земјоделството туку во сите области, значи ли тоа дека власта ќе го брани буџетот преку зголемување на цените а со тоа и обезбедување на повеќе средства од даноци.

Оваа луцкаста идеја на никого не му успеала, но зошта да не СДСМ Заев и се е можно.

Цената на експериментот и лошите политики во примарното земјоделство кое не е за потценување бидејки активира и влијае во над дваесетина гранки на стопанството повторно ќе ги плати крајниот корисник како и ддв-то неговото величество граѓанинот.

Миле Јакимовски, ВМРО-ДПМНЕ.

Коронавирус