петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Јакимовски: Земјоделците не се должни да ја плаќаат неспособноста на Николовски и неговата желба за министерување

Јакимовски: Земјоделците не се должни да ја плаќаат неспособноста на Николовски и неговата желба за министерување

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со  СДСМ на власт земјоделието запаѓа во целосен хаос. Како што вели Миле Јакимовски производителите на пченица веќе на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на Заев и криминалната свита околу него. Претседателот на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ вели дека на недела дена пред жетвата на пченицата се уште немаме потврда дали домашните мелничари ќе го откупуваат домашното производство или не.

-Заев и Николовски ја искомплицираа состојбата во мелничарската индустрија, како што обвинуваат земјоделците пазарот е презаситен со српско брашно, а државата нема никаков одбранбен механизам. Имено Љупчо Николовски се покажа неспособен да го реши проблемот со увозот на брашното, маркичките и сите оние попратни елементи. Во таа смисла, истиот даде ветувања на 10 мај оваа година даде ветувања дека ќе ја реши до 30 јуни и дека со самото тоа ќе се стабилизирала состојбата пред жетвата, како домашните производители и мелничари ќе можат да ја реализираат жетвата во порелаксиран амбиент, изјави Јакимовски на прес конференција.

Тој кажа дека денеска е 1 јули, а ситуацијата не само што не е решена туку е и дополнително искомплицирана, а од министерот ни трага ни глас.

-Мелничарите се закануваат дека нема да откупуваат, а земјоделците се исплашени каде ќе ја пласираат овогодинешната реколта. ВМРО–ДПМНЕ јавно апелира, власта сериозно да ја сфати тешката ситуација и проблемите кои ќе настанат во оваа жетва доколку не се преземат конкретни мерки. Конкретните мерки ќе овозможат непречен откуп по достоинствени цени, изјави Јакимовски.

Тој кажа дека Николовски и СДСМ не смеат да си поигруваат со илјадници производители на пченица, чија примарна дејност е производството на лебно зрно. Јакимовски потенцираше дека земјоделците чекаат конкретни мерки.

-Доколку Николовски не знае што и како треба да преземе со цел регулирање на состојбите, тој веднаш треба да си поднесе оставка. Земјоделците не се должни да ја плаќаат неспособноста на Николовски и неговата желба за министерување. За оваа состојба, колку е да се трудите да објаснувате нема да ви биде виновно ВМРО-ДПМНЕ туку вие самиот и неспособната Влада на СДСМ. Јавноста будно ги следи сите состојби, а особено во земјоделството. Соочете се со стварноста и бидете подготвени за заслужената казна на наредните избори. Трпението на земјоделците и македонската јавност се при крај. Оваа неспособна власт мора да си замине, за Македонија да тргне напред, изјави Јакимовски.

Коронавирус