понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 82
home Вести

Јакимовски: Заев си игра со граѓаните, до вчера им велеше најголем поддржувач на патот кон ЕУ ќе биде Бугарија, сега вика тоа ќе биде Грција

Јакимовски: Заев си игра со граѓаните, до вчера им велеше најголем поддржувач на патот кон ЕУ ќе биде Бугарија, сега вика тоа ќе биде Грција

Зоран Заев викаше главен поддржувач на Македонија за влез во ЕУ ќе биде Бугарија, денес вели тоа е Грција, па они си играат со нас. Ние не сме свесни дека немаме константа во одбрана на македонизмот. Константата ја изгубивме и сега сме на една ветрометина и ќе нè направат парче, рече Стевче Јакимовски од ГРОМ на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“.

-Пред да си го дадеме името живееме подобро или сега? Па нели треба сега, се ветуваше подобар живот, инвестиции. Ништо од тоа нема. Само се распродава историјата, идентитетот, државата, рече Јакимовски.

На соговорникот Стојанче Ангелов, Јакимовски му укажа на нечесниот начин на кој коалицијата на СДСМ дојде на власт.

-Правевте поткуп, лажевте, ништо не направивте за граѓаните, а нема ни да направите како сте тргнале, рече Јакимовски.

Локални избори 2021