сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Вести

Јакимовски: Заев цело време се однесува скандалозно, последното интервју му е само шлаг на тортата

Јакимовски: Заев цело време се однесува скандалозно, последното интервју му е само шлаг на тортата

Интервјуто на Заев е само шлаг на тортата тој цело време се однесува скандалазно, не можам да слушнам ниту една и да кажам дека се чувтсвувам сигурен. И граѓаните го мислат истото, рече Стевче Јакимовски, претседател на ГРОМ на гостувањето на Канал 5 телевизија во емисија Само интервју.

Според него сите народи, сите држави кои влегоа во Европа влегоа со радост, а кај нас е поинаку.

-Ние кога треба да бидеме највисоко, ние излегуваме најпонижени. Како не сме загрозени по вакви барања од Бугарија, а кои Заев ги задоволува. Следев преку 30 бугарски дебати последниве десеттина дена, таму целото општество има консензус околу ставот на официјална Софија, сите се на ист став, ретко некој да каже треба поинаку да се однесуваме со соседите, рече Јакимовски.

Тој укажа дека Македонија е загрозена од Бугарија, атоа е така затоа што ветувал нешто Заев.

-Бугарија бара во нашиот Устав да влезе бугарско малцинство, а ние да се откажеме од македонското малцинство во Бугарија. Но, Заев од друга страна на нив им ветувал дека ќе им даде да купуваат и капитални институции. Тие барале и добиле ветување дека ќе им се даде да купат банка, да го купат телекомот… и слично, посочи Јакимовски.

Коронавирус